Вие имате прво да ја знаете вистината

Кинеските научници тврдат: Пронајдовме антитело кое ги неутрализира сите варијанти на коронавирусот

Кинеските научници, повикувајќи се на лабараториски екперименти, тврдат дека изолирале антитело кое може успешно да ги неутрализира сите соеви на коронавирусот.

Во студијата објавена во вторникот, кинеските научници од различни институти и универзитетите во Сун Јат-Сен и универзитетот Жеџианг, сугерираат дека постои можно решение за паднемијата предизвикана од ковид-19, пишува РТ.

Авторите убедуваат дека моноклонското антитело 35B5, во лабараториски услови, но сепак на живи организми, го неутрализира типот на ковид-19 без мутациите, но и варијантите кои предизвикуваат загриженост. Истражувањето на живи организми е извршено на хуманизирани глувци.

Научниците забележале дека антителото делува и на напредната мутација, односо делта сојот кој прв пат се појави во Индија годинава и е одговорен за смртоносните бранови на инфекцијата ширум светот.

35В5 го неутрализира коронавирусот целејќи на единствениот епитоп (дел од антигенот кој го препознава имунолошкиот систем), кој не избегнува мутации, односно единствено цели на делот од вирусот кој не се менува во процесот на мутација.

Целејќи на делот кој не го опфаќаат мутациите во соевите кои се загрижувачки, антителото 35В5 покажало значителна способност во неутрализирањето на различните соеви. Научниците тврадат дека со ова откритие би можела да се пронајде униврезална вакцина против коронавирусот.

Делот од антигенот кој цели на антителото 35В5 е присутен и во омикрон варијантата, додаваат научниците.

Ова истражување би можело да се покаже доста корисно во моментот кога во светот веќе се шири мутираниот омикрон. Научниците сметаат дека најновата мутација на коронавирусот, омикрон, би можела успешно да го заобиколи имунитетот стекнат по природен пат или вакцинација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!