Вие имате прво да ја знаете вистината

Лет со приватен авион чини колку гарсоњера во Скопје: Богаташите поради короната фрлаат пари “како луди” за чартер летови

Приватниот авио-сообраќај напредува во време на пандемија. Интересот е толку голем што многу приватни авио-компании, наспроти комерцијалните, имаат друга врста на проблеми: треба да се во чекор со побарувачката.

Приватната фирма „ВистаЏет“ соопшти дека бројот на нови членови за првата половина на 2021 година е поголем за 53% во однос на 2020 година, при што Европа донела најголем број на нови членови (51%),

Не е изненадување што пребарувањата за „чартер летови“ скокнаа за 520% во последните 12 месеци, вели Навин Дитакави, извршен директор на сајтот за летови Некст Векеј. Додава дека пребарувањата „ако сакаш да изнајмиш приватен авион“- пораснале за 1100% во песледната година.

Иако добар дел од луѓето и пред пандемијата можеа да букираат приватни летови, тоа не го правеа, а сега многу луѓе го прават тоа за прв пат, пишува CNBC. Грег Брансон-Питс од „Адвенсд Авиејшн Тим“, брокерска авио-компанија, вели дека во периодот пред карантините, не само богатите, туку и владите на повеќе земји ги користеле нивните услуги.

За разлика од комерцијалните летови, каде патниците летаат со ист авион, во исто време, на ист датум, чартер летовите значајно се разликуваат по услугата (ВИП кетеринг и стјуардесите). Поради зголемената побарувачка, флексибилноста околу датумот исто така влијае на цената, додава Брансон-Питс.

Конкретно, лет од Њујорк до Вашингтон, за четиричлено семејство, би можело да чини од 10.000 до 50.000 долари, во зависност од желбите на клиентот.

Џарет Престон, директор на фирмата Идонесус, платил 10.500 долари повратна карта за релацијата Тампа-Мајами, а користел услуга од компанијата „Монарх Ејр Груп“. Политичарот и бизнисмен Ахмад Сахрони платил околу 36.000 долари за својот први приватен лет од Бали до Џакарта, а патувал со компанијата „ЦЕОЏетсет“.

Стивен Садака, директор на фирмата за истражување „СтивенДаглас“, летал приватно со своето семејство со компанијата „Јет Ит“, која за еден час возење наплаќа 1.600 долари. Дерик Л. Мајлс, извршен директор на технолошката здравствена компанија „КоурМед“, платил 1200 долари за својот прв приватен лет од Далас до Мајами.

Инвестицискиот менаџер, Брендон Хем, отишол и чекор понапред, во септември купил Сирус СР22, а пред почетокот на пандемијата си земал и часови за пилот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!