Вие имате прво да ја знаете вистината

Меркел пресече: Воведување карантин за невакцинираните, вакцинацијата задолжителна од февруари

Вакцинацијата може да стане задолжителна во Германија од февруари, најави германската канцеларка во заминување Ангела Меркел.

Германија, исто така, ќе воведе дополнителни ограничувања за социјалните контакти низ целата земја за невакцинираните граѓани, а локалните медиуми тоа го опишаа како „заклучување за невакцинираните луѓе“, пренесува Гардијан.

Дискотеките и клубовите ќе мора да се затворат доколку бројот на случаи надмине одреден праг, најави канцеларката.

Ковид состојбата е „многу сериозна“, предупреди Меркел, со многу висока стапка на инциденца и пониска стапка на вакцинација отколку во некои други европски земји (70 проценти од германското население е вакцинирано, приближно на просекот на ЕУ).

Канцеларката Ангела Меркел рече дека на невакцинираните луѓе ќе им биде забранет пристапот на многу јавни места, вклучително и несуштинските продавници и настани, освен ако неодамна не прележале Ковид-19.

„Културата и рекреацијата низ целата земја ќе бидат отворени само за оние кои биле вакцинирани или закрепнале од болеста“, рече Меркел, цитирана од Би-Би-Си.

„Сфативме дека ситуацијата е многу сериозна и дека сакаме да преземеме дополнителни мерки покрај веќе воспоставените“, додаде таа.

Меркел, исто така, рече дека задолжителната вакцинација во земјата може да биде воведена од февруари 2022 година, откако најпрво ќе се расправа во германскиот Бундестаг.

Таа и нејзиниот наследник Олаф Шолц изјавија дека германскиот парламент ќе гласа за поддршка на задолжителната вакцинација.

Меркел отсекогаш се спротиставуваше на задолжителната вакцинација, велејќи дека тоа е одговорност на владата, да ги убеди граѓаните да се вакцинираат, но денеска, на прашањето дали сега ја поддржува мерката, таа одговори: „Да бев пратеник, ќе гласав за“, објави Би-Би-Си.

Меркел и Шолц денеска се сретнаа со германските регионални лидери за да се договорат за понатамошниот пат за земјата.

Австрија е првата западна земја која ја направи задолжителна вакцинацијата, додека Грција најави дека ќе ја направи вакцинацијата задолжителна за лицата над 60 години.

Претходно во текот на денот медиумите објавија дека сојузната и германската сојузна држава планираат да ги заострат мерките за невакцинираните, што драстично ќе ги ограничи контактите и пристапот до продавниците и културните и спортски натпревари.

Пристапот до продавниците на федерално ниво треба да биде ограничен само на оние кои не биле вакцинирани или се заразиле со коронавирус, а истото важи и за културните и спортските настани, според одлуките на федералните и покраинските власти, јавуваат германските новински агенции.

Другата мерка е ограничиување на бројот на посетители на масовните настани на 30 проценти од капацитетот на просторот, но не треба да надминува 15.000.

Уште се додава дека кај невакцинираните треба да биде ограничен и контактот во приватна средина. Така, членовите на едно семејство ќе може да се сретнат со најмногу двајца членови на друго домаќинство доколку не се вакцинирани или не прележале коронавирус.

Во нацрт-одлуките на федералните и покраинските власти е наведена и целта да се потрошат уште 30 милиони вакцини, во кои спаѓаат првата, втората и т.н. засилувач за вакцинација до Божиќ.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох во четвртокот објави 73.209 ново заболени пациенти со коронавирус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!