Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Медитеранот уловена неверојатна риба: Грдосијата е долга три метри и тешка два тона (видео)

Необична огромна риба се заплеткала во рибарски мрежи во Средоземното море, во близина на местото Цеута, шпанската енклава на северот на Африка. Грдосијата била долга неверојатни три метри и тежела два тони. Рибарите веднаш повикале стручни екипи, кои пристигнале со доза на сомнеж. Не верувале дека е возможно толку голема риба да постои на тоа подрачје

Кога пристиглане стручните лица се увериле дека рибарите се во право и утврдиле дека се работи за „сончева риба“, но никогаш претходно немале видено таква риба во толкави димензии. Иако знаеле дека може да порасне до таа големина, експертите сметале дека е невозможно тоа да се види, а уште помалку да се заплетка во рибарска мрежа.

Во ниту еден момент не станало збор дека оваа огромна риба би требало да се усмрти, па затоа организирано ги подигнале мрежите и веднаш ја пуштиле во морето.

Рибата по ослободувањето накратко се задржала помеѓу луѓето, од само за неа познати причини, а потоа отпливала во далечината. Рибарите и стручните лица се надеваат дека во иднина нема повторно да се заплетка во рибарските мрежи и да настрада поради тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!