Вие имате прво да ја знаете вистината

Ел Паис дојде до тајниот извештај на шпанските експерти: Ковид сертификатите не се ефикасни да го спречат ширењето на заразата!?

Експерти од шпанскиот Интер-регионале комисијата за ковид, која делува во состав на Министерството за здравство, заклучиле дека ковид сертификатите немаат никако влијание во спречувањето на ширењето на заразата. Сметаат дека вака се испраќа опасна порака дека вакцинираните лица не би можеле да го шират вирусот.

Се работи за интерно известување во кое новинарите од Ел Паис имале увид, а во кое известување експертите велат дека искуствата од другите европски земји сугерираат дека користењето на ковид сертификатите како пропусница за влез во кафулињата и другите угостителски објекти не го намалува нивото на заразата.

И покрај фактот дека во тие земји се вакцинирани драстично помал број граѓани отколку во Шпанија, во европските држави во кои се користи ковид сертификатот, бројот на новозаразени значително порасна, стои во известувањето.

Во Шпанија, се смета дека потполно се вакцинирани околу 80,5 отсто од населението (а уште 1,5 отсто примиле барем една доза). Притоа вакцинирани се дури 90 отсто од таргетираното население, и покрај тоа експертите сметаат дека влијанието на сетификатот во Шпанија е сепак занемарливо и напоменуваат дека со тоа се испраќа погрешна порака, дека вакцинираните не можат да го шират вирусот.

Знаеме дека околу 40 отсто од вакцинираните се подложни на заразување со коронавирусот и пренесување на заразата, стои во извештајот.

Единствениот бенефит кој експертите го гледаат во ковид потврдата е и понатаму да ги предупредува луѓето од опасноста на пандемијата и поттикнува вакцинирање кај тие кои го избегнуваат.

Во извештајот уште се спомнува дека во Шпанија 8 од 17 региони или покраини користат ковид потврди во некаков облик.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!