Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриени тајните на „Aмериканскиот топ модел“: „Не смеевме да зборуваме, Тајра Бенкс не тероризираше“

Сакаа да направат нивната моќ да изгледа поголема од нашите животи, ми изгледаа како проклети „Илуминати“, изјави една од поранешните натпреварувачки.

Како и сите реални шоуа, така и модното натпреварувачко шоу American Top Model, чиј водител беше познатата манекенка Тајра Бенкс, своите натпреварувачи ги навикна на исцрпувачките услови за учество. Сега, повеќе од една деценија подоцна, поранешните натпреварувачки проговорија за третманот на моделот во шоуто преку TikTok и Twitter, пишува Најлон.

Една од поранешните натпреварувачки која зборуваше за другата страна е Сара Хартшорн, која учествуваше во деветтата сезона на шоуто во 2007 година, кога шоуто беше во својот пик.

Ова шоу беше хипнотизирачко бидејќи имаше жени кои се борат за својот сон, а покрај тоа, ревијата беше придружена со врвна мода од 2000-тите.

Како и во сите реални шоуа, натпреварувачите мораа да бидат подготвени да бидат одвоени од семејството и пријателите, но само што беше обелоденето дека дополнитолно биле изложени на психолошка манипулација и малтретирање.

Хартшорн шокираше колку всушност биле платени моделите – тие добивале само 40 долари дневно, без оброци.

Закани за тужби

Сара Хартшорн на својот TikTok објасни како изгледа елиминирањето кандидати, манипулирање со продуцентите и каква всушност била Тајра Бенкс. Во едно видео, таа зборува за денот кога одборот ги заплашил натпреварувачките велејќи им дека ако ги прекршат нивните договори ќе добијат тужба од 10 милиони долари – а ако немаат 10 милиони долари, компанијата ќе ги тужи нивните родители, баби и дедовци, деца, децата на нивните деца. Засекогаш, додека не се исплати долгот.

„Тие сакаа да направат нивната моќ да изгледа поголема од нашите животи “, објасни Хартшорт. „Тие ми изгледаа како проклетите илуминати.

Хартшорн го опиша искуството како „трауматски камп“ во кој таа и девојките „имаа многу чудни заеднички искуства“.

На секои пет дена некој одел на шопинг со список што му го давале натпреварувачките. Хартшорн имаше голем проблем со слабеењето за време на шоуто, за што вели дека „живеела на салата“. Таа вели дека повеќето од девојките не знаеле ни да готват и дека немале микробранова печка.

Лиза Д’Амато од петтата сезона, која стана „славна“ по мокрењето во пелена во шоуто, во нејзиниот говор на TikTok, се присети на лошо искуство во американскиот топ модел. Се обидела да објасни и зошто всушност уринирала во пелена. Таа сега тврди дека сакала „да и се помоча на серијата“ поради сите начини на кои била манипулирана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!