Вие имате прво да ја знаете вистината

Најмладиот син на основачот на Плејбој спасуваше Авганистанци во Кабул, не брка плејбој “зајачици” и чека бебе во март

Гордиот татко наместо добро платени позиции во семејното медиумско царство, станал пилот, а неговата сопруга Скарлет Брн се прослави со филмовите Хари Потер.

Најмладиот син на Хју Хефнер, легендарниот основач на Плејбој, Купер Хефнер (30), се пофали на Инстаграм дека повторно ќе стане татко. Со сопругата, британската актерка Скарлет Брн (Scarlett Byrne), очекуваат близнаци. Бебињата доаѓаат во март, а брачниот пар веќе има 15 месечна ќерка (Бетси Роуз), изјавија дека се пресреќни, пишува Дејли Мејл.

Иако е еден од наследниците на издавачкото царство, Купер живее самостојно. Избра кариера во армијата на Америка, пилот е во логистичкиот оддел за воздухопловните сили, а неодамна и учествувал во воспоставувањето на „воздушниот мост“ кој овозможи да се спасат илјадници Авганистанци да побегнат од Талибанците.

Неговата сопруга се прослави во улогата на Пени Паркинсон, иритантната волшебничка од Слидерин во серијалот Хари Потер. Била манекенка, но поради бракот со Купер во 2019 година се преселила во Лос Анџелес.

Скарлет и јас ќе дочекаме два нови членови на семејството оваа пролет. Не можеме да бидеме посреќни додека го чекаме пристигнувањето на нашите близнаци – објави Купер, најмладиот син од четворите деца на Хју Хефнер. Иначе Купер има полусестра Кристи (69 години) и полубрaќа Давид и Марстон (66 и 67 години).

Неговиот татко, кој почина пред четири години, го добил во бракот со Кимберли Конрад, бивша „Плејмејт на годината“ за 1989 година. Се развеле во 2010 година, а две години подоцна Хефнер се ожени со “зајачицата” Кристал Харис.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!