Вие имате прво да ја знаете вистината

Потврден првиот случај на заразен со Омикрон во САД

Првиот случај заразен со Омикрон, новиот вид на Ковид-19, е потврден и во САД.

Според западните медиуми, повикувајќи се на неименуван функционер, со Омикрон е заразено лице во државата Калифорнија.

Кон крајот на ноември, администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден воведе ограничувања за патниците кои доаѓаат од Јужна Африка, каде што и првпат беше идентификуван Омикрон. Во таа земја новиот вид брзо се шири, а голем број случаи се забележани и во околните земји.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) презема чекори за дополнително заострување на правилата за тестирање на патниците кои доаѓаат од странство. Ова вклучува тестирање на сите патници во рок од најмногу 24 часа пред да се качат на летот за Соединетите Американски Држави, без разлика дали се вакцинирани или не. ЦДЦ, исто така, размислува за задолжително тестирање по пристигнувањето на патниците во САД.

Официјалните лица признаа дека со таквите мерки сакаат само да купат време додека научниците не утврдат дали Омикрон е позаразен од варијантата Делта, која моментално е најдоминантна во светот. Научниците се заинтересирани и за тоа какви симптоми предизвикува Омикрон. Сите овие информации треба да се знаат во рок од две недели. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!