Вие имате прво да ја знаете вистината

Познатиот актер тврди дека тој не го повлекол чкрапалото и не го испукал смртоносниот куршум за камерманката

Холивудската ѕвезда Алек Болдвин во ексклузивно интервју за ABC News ја откри својата страна на приказната за смртта на снимателката Халина Хачинс за време на снимањето на „Раст“.

Во првото интервју по трагичниот настан што го одбележа Холивуд во 2021 година, познатиот актер Алек Болдвин (63) изјави дека – и покрај мислењето во јавноста и медиумите – тој не го повлекол чкрапалото од пиштолот кој го испукал смртоносниот куршум на сетот на „Рѓа“. Оваа ексклузивна доаѓа преку едночасовното интервју што Алек Болдвин го дал на Џорџ Стефанопулус за американската телевизија ABC News, а чија објава штотуку е објавена на интернет порталите.

Не го повлеков чкрапалото. Чкрапалото воопшто не е повлечено. Никогаш не би вперил пиштол во личност и би го повлекол чкрапалото. Никогаш – рекол Алек Болдвин облечен во темно одело и сина кошула без вратоврска.

Актерот во видеото делува исцрпено и многу сериозно, а засега – ќе треба да ги чекаме неговите дополнителни објаснувања за тоа што всушност се случило тој кобен ден и како починала младата снимателка Халина Хачинс, со чие семејство актерот се зближил. Од залутаниот куршум полесно е повредена и филмската режисерка Џоел Соуза, која во тој момент била покрај камерманката.

Емитувањето на интервјуто е најавено за вечерва во 20 часот по американско време , а веќе следниот ден ќе биде достапно на онлајн платформата Хулу.

Во меѓувреме постојано се појавуваат нови информации.

Меѓу другото, актерот рече дека нема поим кој го донел вистинскиот куршум на сетот и со него го наполнил пиштолот кој требало да служи исклучиво само како реквизит и дека куршумите немаат место на сетот според сите снимања и правила.

„Сè уште ми изгледа нереално, навистина не можам да верувам дека се случило вакво нешто“, расплака актерот во видеото што го објави ABC News на својот официјален канал на Твитер.

Својата покојна колешка, снимателка со украинско потекло, ја опиша како драга личност на која сите колеги и се восхитувале поради нејзината неисцрпна животна и работна енергија.

Во остатокот од разговорот, актерот објасни зошто воопшто одлучил да разговара со медиумите и како одговорил на тврдењата на колегите како Џорџ Клуни кои изјавиле дека тој секогаш лично го проверува оружјето пред да оди на снимање.

Водителот на емисијата Џорџ Стефанопулус (60), професионален и искусен новинар, гостуваше во утринската емисија „Добро утро Америка“ на неговата телевизија и го опиша она што го гледа како „нaјтешкиот и најемотивниот“ разговор пред камерите што некогаш ги имал.

  • Беше многу тешко. Сочувствував со соговорникот кој се уште беше уништен од болката. Но, немаше забранети прашања, Алек се покажа како многу љубезен гостин кој излезе да ме пречека и ми одговори на секое мое прашање, дури и на најнепријатните. Разговаравме за Халина Хачинс, за неговата средба со нејзиното семејство, а тој го опиша буквално секој детаљ на кој се сеќава од снимањето тој ден. Разговорот траеше подолго отколку што се замислуваше, дури осумдесет минути, а тој во него изнесе многу ексклузивни информации – изјави Стефанопулус.

Пред овој разговор, актерот и се обрати на јавноста само два пати и тоа преку социјалните мрежи. Ден по кобниот настан, тој на својот твитер профил напиша дека нема зборови со кои може да го искаже својот шок, тага и неверување поради трагичната несреќа која го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и длабоко почитувана колешка. Тој додаде дека апсолутно соработува во кривичната истрага, како и дека е во контакт со сопругот на Халина, американски адвокат на кого му ја понудил својата помош. А објавата ја заврши со трогателни зборови за тоа како срцето му е скршено особено поради семејството на Халина и сите кои ја познаваа и сакаа оваа прекрасна жена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!