Вие имате прво да ја знаете вистината

Рамковен договор на Бранко Црвенковски и Зоран Заев околу “изборот” на Димитар Ковачевски за “лидер” на СДСМ!?

Дали имаше средба на луѓе на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и дали е постигнат некаков рамковен договор на крупните кланови во СДСМ и во државата околу изборот на Димитар Ковачевски Таче за нов лидер на СДСМ?

Оваа тема се разработува во вечерашната емисија Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov.

Опозицијата го напаѓа изборот на Ковачевски како избор на пион (пешак во шахот) на Зоран Заев. Луѓето на Заев сакаат да ја пласираат приказната дека Заев и Ковачевски се пријатели од студентски денови. Самиот Ковачевски сака да остави впечаток во јавноста дека во изминатите 20 години бил битен фактор во СДСМ и близок соработник и на Црвенковски и на Заев, а вистината е дека освен две членства во ЦО на СДММ и СДСМ и од пред неколку месеци член на ИО на СДСМ тој немал битна функција во таа партија или не бил ни дел од вториот ниту пак круг играчи кои учествувале во носењето и креирањеро на политиките.

Таткото на Ковачевски е екс градоначалник на Куманово од 2000-та до 2005 година. Интересно е дека 1999 година во времето кога Христофер Хил е амбасадор на САД во Македонија е потпишан таканаречениот Кумановски договор меѓу официјален Белград и НАТО за завршување на интервенцијата на Косово и тогашна СР Југославија. Стариот Ковачевски од 2006 до 2010 година е амбасадор на Македонија во Црна Гора, тоа е периодот кога Црна Гора по референдумот се одвојува од Србија.

Во емсијата Во Центар се анализира дека Ковачевски, кој секогаш бил човек на Наташа Савова и Игор Ивановски Шема, може да биде компромис на неколку крупни кланови во Македонија, тој на Заев, на Црвенковски, но и на групациите кои стојат зад Орце Камчев и моќната олигархија во Македонија.

Во емисијата беше поставено прашањето дали дел од пакетот на устоличување на Ковачевски или тој условно речено рамковен договор ќе биде можното решавање на прашањерто на Камчев и таа исцрпувачка битка на Заеви и Камчеви која во финалето на конфликтот имаше сериозни операции за рушење на СЈО и на македонската влада, а од пред седум месеци Камчев се наоѓа во притвор.

Со многу скепса и прашалници е дочекана најавата за Ковачевски како избор на Заев бидејќи во СДСМ досега сите промени на врвот биле од редот на најблиските соработници или опоненти на лидерот во заминување, така Црвенковски го замени Гошев, Бучковски го замени Црвенковски, Шекеринска го замени Бучковски, Црвенковски ја замени Шекеринска и Заев го замени Црвенковски, но никој не е изваден од подрум и ставен пред рефлекторите како можен наследник на Заев, тоа досега не беше манир на СДСМ. Ќе видиме дали тоа ќе помине и какви ќе бидат резултатите од тој условно режено политички експеримент или инженеринг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!