Вие имате прво да ја знаете вистината

Се дуплираат бројките во Африка, Омикрон зема се поголем замав

Новата варијанта – омикрон, се побрзо се шири на Африканскиот континент, а бројот на новоинфицирани пораснал дури за 100%.

Изминатата недела во Африка биле потврдени 52.300 новозаболени, што е за 105 отсто повеќе од претходната недела. Во Јужна Африка се потврдени над 31.000 инфицирани.

-Новиот сој е откриен во Боцвана, Гана, Нигерија и Јужна Африка, изјави денеска Џон Нкенгасонг, од Центарот за заразни болести во Африка .

Тој додаде дека африканската ЦДЦ е загрижена за ситуацијата во Јужна Африка. Снабдувањето со вакцини се подобрува, но не се применува доволно брзо.

На целиот континент беа набавени 417,5 милиони дози вакцина, од кои 235,8 милиони беа инјектирани, што значи дека само околу 7 проценти од населението се целосно вакцинирани против коронавирусот

Според ЦДЦ, досега во Африка се потврдени околу 8,6 милиони инфекции, а повеќе од 223.000 луѓе умреле.

Експертите предупредуваат дека бројот на непотврдени случаи на инфекцијата во Африка, континет со население од 1,3 милијарди лица, веројатно е многу поголем.

Властите стравуваат од нагло зголемување на бројките на новозаболени поради собирите кои се планирани за престојните празници.

Единаесет африкански земји во моментов се борат со четвртиот бран на заразата, а Маурициус веќе влегува во петтиот бран, наведува африканскиот ЦДЦ, организацијата која се обидува да ги здружи ресурсите на африканските земји и да ги координира мерките за борба против пандемијата. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!