Вие имате прво да ја знаете вистината

Себастијан Курц се повлекува од политиката

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) и поранешниот австриски канцелар, Себастијан Курц, се повлекува од политиката. Курц, кој неодамна стана татко, најави дека во 11:30 часот ќе им се обрати на медиумите со лична порака.

Од партиските кругови се слушаат гласини дека Курц решил целосно да се повлече од политиката. А за негова замена треба да биде министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер како лидер на ОВП.

До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел да се врати во самиот врв на политиката откако ќе заврши истрагата против него, но сега се докажува сосема спротивното.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!