Вие имате прво да ја знаете вистината

Синот на Гадафи сепак ќе може да се кандидира за претседател на Либија

Либиски суд денеска му ја врати официјалната кандидатура за претседател на земјата на Саиф ал Ислам, син на починатиот диктатор Моамер Гадафи, јавија либиските медиуми.

Изборите треба да се одржат подоцна овој месец.

Жалбата на Саиф ал Ислам беше прифатена од апелацискиот суд во јужниот либиски град Сабха, а одлучи против дисквалификацијата и му дозволи да се врати во изборната трка, објави либиската државна новинска агенција ЛАНА, цитирајќи го неговиот адвокат.

Либиската изборна комисија минатата недела ја отфрли кандидатурата на Саиф ал Ислам Гадафи за претседателските избори закажани на 24 декември,

„Саиф ал Ислам Гадафи е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за ’злосторства против човештвото‘. Тој ја поднесе својата кандидатура на 14 ноември и е еден од 25-те одбиени кандидати“, стоеше во соопштението на Високата изборна комисија (ХНЕК).

ХНЕЦ образложи дека 25-те кандидатури се одбиени врз основа на повеќе законски одредби, како и дописи од државниот правобранител, началникот на криминалистичката полиција и претседателот на Управата за пасоши и државјанства. ХНЕЦ соопшти дека биле поднесени 98 кандидатури, меѓу кои и од две жени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!