Вие имате прво да ја знаете вистината

Сите си заминуваат: По Курц и Александар Шаленберг поднесе оставка

Александар Шаленберг најави оставка од функцијата канцелар на Австрија, само два месеци по преземањето на функцијата.

Тој рече дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не се договори за нов лидер по заминувањето на Себастијан Курц.

Само неколку часа претходно, претходникот на Шаленберг и лидер на Народната партија Курц изјави дека ја напушта политиката и официјално ќе се повлече од функцијата претседател на партијата во петок.

Во изјавата од четвртокот, Шаленберг рече дека верува оти „и двете позиции – претседател на владата и лидерот на најголемата партија во Австрија – треба повторно да бидат претставувани од едно лице“.

„Затоа, ја ставам на располагање мојата позиција како канцелар веднаш штом ќе се избере ново раководство во партијата“, рече Шаленберг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!