Вие имате прво да ја знаете вистината

Тинејџерка нападната од крокодил, ја спасил пријателот: Го тепал рептилот додека не ја пуштил

Тинејџерка од Британија била заглавена во вилиците на крокодил додека била со пријателите на патување во Јужна Африка.

Амели Озборн-Смит од Хемпшир уживала во рафтинг на реката Замбези под водопадите Викторија во Замбија кога била нападната од ѕвер долг три метри.

Таткото на 18-годишната девојка рече дека неговата ќерка ја спуштила ногата преку работ на чамецот кога крокодил ја зграпчил околу подколеницата и ја влечел под вода.

„Крокодилот ја видел нејзината нога како виси во водата и помислил „еве ручек“, изјави 60-годишниот Брент Озборн-Смит за Daily Mail.

Амели ја спасила брзата реакција на нејзиниот пријател кој скокнал во водата и силно го удирал животното во муцката не ја отпуштил.

Таа со хеликоптер била пренесена во болница во главниот град Лусака на операција, а докторите успеале да и го спасат животот.

  • Таа е многу разумна девојка, но во оваа прилика беа на рафтинг преку агенција. Таа моментално е во прилично лоша состојба во Замбија и правиме се за да ја вратиме овде за нега, но очигледно со каснување од крокодил постои голем ризик од инфекција и ногата и е тешко оштетена. Друг проблем е што Замбија сега е на црвената листа поради Ковид – рече нејзиниот татко.

Пријателот на Амели изјави дека ситуацијата за време на нападот била хаотична и дека имало крв насекаде.

„Таа е среќна што е жива“, заклучил тој.

Водичите исто така скокнале во реката во обид да ја спасат.

„На крајот крокодилот се откажа и ја одвлекоа назад во чамецот“, вели пријателот.

Портпаролот на агенцијата потврди дека Амели била на патување со нив, но одби да коментира повеќе детали.

Овој дел од реката Замбези веднаш под водопадите инаку се смета за најбезбеден за уживање, бидејќи крокодилите претпочитаат потивки делови низводно.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!