Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Кина не се пријавени случаи на зараза со Омикрон, са забрзува развојот на нова вакцина

Во Кина се забрзува развојот и истражувањата за вакцината против Омикрон сојот на Ковид-19, изјави денеска здравствен претставник.

  • Врз основа на различни технологии, ние забрзано работиме на истражување и развој на вакцини против варијантата Омикорон, рече Џенг Жонгвеи, шеф на специјалната група за развој на вакцини против Ковид-19.

Интересен факт е што досега, во Кина, нема ниту еден пријавен случај на заразен пациент од Омикрон варијантата.

Според Жингвеи, потенцијалната вакцина против Омикрон можеби нема да треба да се користи, но неопходно е Кина да се подготви.

Досега, нема цврсти докази дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат со вакцинација, но се очекува дека повеќето постоечки вакцини ќе помогнат да се намали сериозноста на болеста и смрт, додаде Џенг.

Кинескиот производител на вакцини Синовак Биотек (Sinovac Biotech) потврди дека анализира дали нивната вакцина делува против Омикрон или мора да направат сосема нова вакцина. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!