Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Словенија не вакцинираните граѓани кои ќе завршат во болница треба да си ги плаќаат трошоците !?

Во Словенија, која деновиве бележи пад на епидемиолошките трендови со пандемијата на Ковид-19 вирусот, но сепак има многу оптоварен здравствен систем, тие размислуваат за еден вид парична казна за оние кои не биле вакцинирани и ќе завршат во болница поради Ковид-19. Во интервју за Словенско радио ова го потврди Бојана Беовиќ, главен инфектолог во владиниот совет за епидемијата и претседател на Лекарската комора.

На едната страна се оние кои беа одговорни и се вакцинирани, а на другата оние кои не сакаат да се вакцинираат, а сепак ги уживаат сите придобивки – изјави Беовиќ, додавајќи дека поради тоа доаѓаат иницијативи за невакцинираните кои завршуваат во болница дополнително да плаќаат учество за релевантниот дел од трошоците за нивното лекување.

Мислам дека дополнителното плаќање за невакцинираните би било праведно решение – изјави Беовиќ.

Таа не се залага за воведување на задолжителна вакцинација бидејќи смета дека тоа би имало спротивен ефект и би предизвикало противење во јавноста за вакцинацијата.

Задолжителната вакцинација во Словенија би била можна само доколку се обезбеди општ општествен консензус, можеби дури и преку референдум – изјави Беовиќ.

Таа додаде дека смета дека некои работодавци треба да им посочат вакцинирање на своите вработени како услов за работа, но доколку за тоа има законски можности.

Словенечката влада пред два месеца донесе одлука за задолжителна вакцинација против Ковид-19 за вработените во државната администрација, но таа беше суспендирана од Уставниот суд до конечната проценка дали е во согласност со уставот, кој ќе донесе конечна одлука деновиве.

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени повеќе од 2.100 ново заразени со Ковид-19, околу 500 помалку од пред седум дена, а другите епидемиолошки показатели се на надолна траекторија. Бројот на хоспитализирани сè уште не почнал да паѓа, но се смета дека го достигнал својот врв.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!