Вие имате прво да ја знаете вистината

Врие ситуацијата за Украина, средба Блинкен-Лавров на неутрален терен

Државниот секретар на Америка, Ентони Блинкен, вчера вечерта се сретна со својот руски пандант Сергеј Лавров и му посочи на „сериозни трошици“ за Русија, доколку армијата навлезе во Украина. Како што соопштуваат од Стејт департментот, Блинкен повикал на дипломатски излез од кризата.

Средбата следува еден ден по изјавите на САД дека одлучно ќе реагираат и ќе ги зголемат санкциите во случај Русија да ја нападне Украина.

„Најдобриот начин да се надмине кризата е дипломатијата… Москва и Киев треба да ги исполнат своите обврски од мировниот процес од Минск за запирање на огнот во Донбас“, изјавил Блинкен, соопштија од Стејт департментот. 

Блинкен побарал од Лавров да го почитуваат договорот потпипан во 2014 година, со кој се предвидува завршување на војната што ја водат проруските сепаратисти против украинската армија.

Според статистиката досега во источниот дел на Украина загинале околу 15.000 лица.

Вашингтон уверува дека доколу Русија одлучи да продложи со конфронтацијата, тоа ќе донесе сериозни последици“.

-Ако Москва избере пат на воена ескалација, државниот секретар стави јасно до знаење дека Соединетите Држави и нашите сојузници се спремни да нанесат значајни трошоци, соопшти официјалниот претставник Нед Прајс. 

Лавров од своја страна укажал дека Русија е подготвена на дијалог со Киев. 

-Како што кажа претседателот Путин, ние не сакаме конфликти, изјави тој. 

Дипломатите разговарале околу 30 минути, а во кулоарите на конференција на ОБСЕ во Стокхолм. 

Американските медиуми пренесуваат дека средбата Блинкен-Лавров била „сериозна, трезвена и деловна“ средба. Имале конструктивна размена на мненија за исполнување на договореното од Минск како можен излез од кризата и во наредните денови, најверојатно, ќе се интензивира дипломатската размена. 

Вчера од руското МНР укажаа дека Русија се надева на „контакт“ меѓу претседателот Владимир Путин и претседателот Џо Бајден, што би можел да се случи во наредните денови, со оглед на тоа дека ситуацијата околу Украина ескалира. 

Други точки по кои се разговарало на средбата Блинкен-Лавров биле билатералните односи и теми каде интересите на двете земји се совпаѓаат, вклучувајќи ја блокадата за Иран да развие нуклеарно оружје. Двајцата дискутирале и за ситуацијата во јужен Кавказ, при што државниот секретар го поздравил обновениот дијалог меѓу Ерменија и Азербејџан. 

Блинкен исто така побарал итно ослободување на двајца Американци кои се во затвор во Русија – Пол Велан и Тревор Рид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!