Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден упати голем апел до граѓаните: Бустер дозата е најголемата заштита од Ковид-19!

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, апелираше до Американците да добијат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за сузбивање на новиот вид на Ковид-19, Омикрон, преку поголема достапност до вакцините, но без поголеми ограничувања во секојдневниот живот.

Бајден сака приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за граѓаните на САД кои се тестираат за Ковид-19 и да ги заострат условите за тестирање на сите луѓе кои доаѓаат во САД, без разлика дали се вакцинирани. Додека некои земји ширум светот ги затвораат границите или повторно воведуваат карантини, Бајден изјави дека во овој момент нема да воведе дополнителни мерки освен препораката Американците да носат маски во затворени простории и на јавни места.

Експертите велат дека бројот на случаи со Ковид-19 ќе продолжи да расте во наредните недели оваа зима, поради што мора да бидеме подготвени, изјави американскиот претседател за време на посетата на Националниот институт за здравство во предградието на Вашингтон. Тој додаде дека неговата нова стратегија не вклучува затворање и карантин и се надева на билатерална поддршка.

Објавувам одлучувачки план во борбата против Ковид-19 вирусот и мислам дека треба да не обедини, додаде Бајден. Спроведувањето на указот на Бајден за задолжителна вакцинација во поголемите компании е блокирано пред судовите во некои сојузни држави, поради што претседателот ги повика компаниите да наредат имунизација на своите работници, за да можат да останат на работа без ширење на инфекцијата.

Администрацијата на Бајден верува дека широко распространетата имунизација со бустер дози е најефективното средство за борба против Ковид-19 оваа зима. Здравствените експерти веруваат дека дополнителните дози на вакцината обезбедуваат засилена и потрајна заштита, вклучително и од нови варијанти на вирусот.

Бустер дозата досега ја примија околу 42 милиони Американци, од кои половината се постари граѓани. Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачаа дополнителни дози оваа недела и за сите постари од 18 години, но шест месеци по втората доза на вакцината од компаниите Фајзер и Модерна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!