Вие имате прво да ја знаете вистината

Еден знак на вашата кожа може да ви укаже дека вашето срце е во лоша состојба: Доколку ја забележите оваа појава, веднаш одете на доктор!

Верувале или не, но ретко кој обрнува внимание на овој детал кој може да биде опасен.

Одржувањето на здравјето на вашето срце е многу важно, исто толку како и вниманието на знаците кои би можеле да сугерираат дека не е во добра форма.

Иако можеби прво сте помислиле на очигледни знаци како што се болка во градите или ладна пот, постојат некои физички знаци кои укажуваат дека вашето срце може да биде во лоша состојба.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), вашето срце може да биде во опасност ако ги забележите следните знаци на вашата кожа односно жолти израстоци на кожата наречени „ксантоми“, што може да биде знак дека имате висок холестерол.

Контролниот центар предупредува дека одржувањето на низок ЛДЛ холестерол под контрола е важен чекор во одржувањето на здравјето на срцето, особено во намалувањето на ризикот од срцев удар.

За жал, високите нивоа на ЛДЛ холестерол, кој е лош холестерол честопати доаѓаат без никакви симптоми и треба да се регулираат преку редовни тестови на крвта.

Сепак, ЦДЦ предупредува дека физичките знаци на висок холестерол може да се појават на телото во некои случаи.

Некои луѓе може да развијат жолтеникави израстоци на телото, или „ксантоми“, што може да укажува на високо ниво на холестерол во крвта.

Што точно се ксантоми ?

Според болницата Маунт Синај, ксантомите се вообичаени, особено кај постарите лица и луѓето со високо ниво на липиди (масти) во крвта.

Тие се разликуваат по големина. Некои се многу мали а додека другите се поголеми од 7,5 сантиметри во дијаметар. Тие можат да се појават каде било на телото. Но, најчесто се забележуваат на лактите, зглобовите, тетивите, колената, рацете, стапалата или задникот.

Ксантом може да биде знак за здравствена состојба која вклучува зголемување на липидите (мастите) во крвта. Таквите услови вклучуваат:

– Одредени видови на рак

– Дијабетес

– Висок холестерол во крвта

– Метаболички нарушувања

– Лузни на црниот дроб поради блокирани жолчни канали 

– Воспаление и отекување на панкреасот 

– Неактивна тироидна жлезда

Симптоми

Ксантома изгледа како жолта или портокалова испакнатина. Тие можат да бидат неколку поединечни или да формираат кластери, групи.

Третман

Ако имате болест која предизвикува зголемување на липидите во крвта, лекувањето на оваа состојба може да помогне да се намали развојот на ксантоми.

Ако израстокот ви пречи, вашиот лекар може да го отстрани со операција или ласер. Сепак, ксантомите можат да се вратат по операцијата!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!