Вие имате прво да ја знаете вистината

Еве како Новак Ѓоковиќ го одржува добриот имунитет: Секое утро прво го пие овој напиток за кој вели дека е многу здрав (видео)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил ја сподели својата утринската навика која што никогаш не ја пропушта ниту тој ниту неговото семејство.

Добро утро на сите. Вака го започнувам мојот секој ден. Прво земам топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа ѕиркам во мојата омилена преграда во фрижидерот, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во ладно цеден соковник за да добијам сок од целер – открива Новак.

Според него, најдобриот начин да се започне денот е овој сок да се пие на празен стомак.

Овој сок е полн со минерали, соли и се уште неоткриени елементи кои го чистат нашиот црн дроб. Тој прави чуда, и за мене и за мојата сопруга, но и за нашите деца – кажува Новак.

Сепак, ние не го конзумираме чист, туку со додавање на сок од краставица или јаболко – додава Новак.

Овој зелен пијалок ќе ви донесе многу, па нема што да изгубите доколку го пробате. Бидете здрави! – порача најдобриот тенисер во светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!