Вие имате прво да ја знаете вистината

Францускиот „Трамп“ во трка за претседател на изборите следната година! Политичар познато по скандалозни изјави и недолични однесувања (фото/видео)

Контроверзниот француски новинар и писател, Ерик Земур најави дека ќе се кандидира за претседател на државата следната година.

Во десет-минутното видео, десничарот објаснува дека решил да се кандидира бидејќи ниту еден друг политичар нема храброст да ја спаси земјата од трагичната судбина што ја очекува.

Решив да трчам за нашите деца и внуци да не страдаат од натрапници, за нашите девојки да не мора да носат превез. За да ја наследат Франција онака како што доликува – изјави тој.

Тој е жесток противник на миграцијата. Земур веќе некое време навестува дека би можел да се кандидира, а неговите постојани напади на политичкиот естаблишмент и контроверзните предлози кога станува збор за имиграцијата и францускиот идентитет доминираат во медиумите и го одземаат вниманието на јавноста.

Земур постојано тврдеше дека Франција е преплавена со имигранти и во опасност да го загуби својот идентитет, како и дека исламот е некомпатибилен со западните вредности.

ТВ-лицето, кое многумина го споредуваат со поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, сè уште нема толкава јавна поддршка како што изгледа.

Неодамнешната анкета, покажа дека Земур на изборите ќе заостанува далеку зад актуелниот претседател Емануел Макрон и десничарката Марин Лепен.

Земур за непопуларност и овој рејтинг може само да се обвинува себеси.

По серијата контроверзни изјави како што се дека младите мигранти кои пристигнуваат во Франција се крадци и силувачи, што е особено иронично бидејќи тој самиот е син на мигранти, алжирските Евреи кои дошле во Франција во 1950-тите, обвинувајќи неколку жени за сексуално вознемирување и скандалозно однесување на Саемот за оружје, но и фактот дека Земур неодамна им покажа среден прст на луѓето кои го фотографитаа, секако овде е и врската со со децении помлада соработничка за која се шпекулира дека е и бремена, си го прават своето.

Имено, таблоидот Closer објави дека 28-годишната соработничка на Земур, Сара Нафо е бремена. А по оваа објава Земур неуспешно се обиде да го тужи таблоидот.

Проблемот не е толку во тоа што неговата поубава половина е многу помлад од него, туку што Земур се уште е во брак со адвокатката Милен Чичпортич, со која имаат три деца.

Набргу откако таблоидите ја објавија веста дека Нафо наводно е бремена, Земур му покажа среден прст од автомобил на политички не исто мисленик во Марсеј, кој го опиша како град распаднат од имиграцијата.

Истражувањето на јавното мислење покажа дека Земур ужива поддршка од 14 отсто од испитаниците, Макрон 24, а Лепен 18 отсто.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!