Вие имате прво да ја знаете вистината

Големо изненадување, човекот на Шекеринска влезе во трката за нов лидер на СДСМ, има блиски врски со масоните

Јован Деспотовски поднесе кандидатура и влезе во трката за нов лидер на СДСМ, сега бројката на кандидати се заокружи на четири имиња. По доаѓањето на СДСМ на власт, Деспотовски беше директор на Фондот за иновации и технолошки развој, а сега е актуелен директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

И тоа се работи што и се познати на македонкската јавност. Многу е поважно да се објасни траекторијата на неговата политичка кариера. Деспотовски, заедно со Јани Макрадули и Дамјан Манчевски беа тројката најблиски партиски соработници на Радмила Шекеринска и беа тимот на Радмила кога таа изгуби во лидерската трка со Владо Бучковски во 2004 година.

Кога Бранко Црвенковски во 2009 година се враќа на чело на партијата, по тешкиот пораз на Шекеринска на изборите во 2008 година, Само Дамјан Манчевски не влезе во новото раководсто на Црвенковски, иако и тој беше еден од главните кандидати да влезе во трката за градоначалник од СДСМ на изборите 2013 година во општина Центар.

Макрадули преку Наташа Савова се одвои од Шекеринска, беше дел на ИО на СДСМ, а во 2013 година беше кандидат за градоначалник на Скопје и убедливо изгуби од Коце Трајановски.

Деспотовски беше секретар за меѓународна соработка на партијата и по функција беше член на Извршниот одбор на СДСМ. На таа функција беше заменет од внукот на Никола Ќурчиев, екс генерален секретар на СДСМ и од најблиските соработници на Црвенковски, но Деспотовски и понатаму остана да биде дел од партиското раководство.

Манчевски кој и остана лојален на Шекеринска стана вицепремиер и министер за информатичко општестство, плус и партиски потпретседател, а “пребезите” Макрадули и Деспотовски не добија министерски функции и мораа да се задоволат со послаби позиции во партиската хиерархија.

https://www.facebook.com/jdespotovski/posts/1540144959687119

Деспотовски важи за близок на македонската масонерија, негов близок роднина, по линија на сопругата, е дел од групата на 20-тина масони кои ги удираат темелите на масонската ложа во Македонија, а таа група кон средината на 90-тите години беа првите македонски масони кои преку Белград успеваат да имаат соработка со британската масонерија. На тој начин македонската масонска ложа е прва во Европа која по многу години успаеа да добие светло од центарот на светската масонерија во Лондон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!