Вие имате прво да ја знаете вистината

Искрено проговори Надал: Јасно е кој ќе освои најмногу трофеи во кариерата и во историјата на тенисот

Шпанецот, Рафаел Надал за шпанските медиуми изјави дека очекува Новак Ѓоковиќ да биде човекот со најмногу грен слем титули во историјата на тенисот.

Во моментов Надал, Ѓоковиќ и Роџер Федерер се израмнети по бројот на освоени трофеи и имаат по 20-те трофеи од турнирите.

Ѓоковиќ е во најдобра позиција да биде играч со најмногу Грен слем турнири. Не треба да се залажувате – Федерер е таму каде што е тој, а јас сум таму каде што сум јас. Во секој случај, Новак игра добро и е во голем момент. Тоа е реалноста и не треба да се игнорира. Не знаеме што ќе се случи во следните девет месеци, но тој сега е тој е фаворит, искрено изјави Надал, кој го освои  последниот Грен слем во 2020 година, кога триумфираше на Ролан Гарос.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!