Вие имате прво да ја знаете вистината

Јелена Карлеуша има здравствени проблеми: Има големи болки, но не сака јавно да говори за тоа

Јелена Карлеуша, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, може да се пофали со најоригиналните сценски настапи во кои вложува многу труд и енергија. Иако нејзината енергија изгледа неисцрпна, особено кога е на сцената, вистината е малку поинаква.

Здравјето на пејачката многу се влошило бидејќи се борела со проблем со кој се соочуваат многу луѓе.

Имено, според српските медиуми, поп дивата имала многу проблеми со мигрената (главо болка), а позадината на тоа била крајно опасна.

Кога отишла на доктор, констатирано е дека има повреда на цервикалниот ‘рбет, што не е чудно бидејќи на секој настап или концерт дава се од себе, а секој пат изведува одредена тешка кореографија.

Не е познато дали Јелена направила потег за време на нејзините настапи кој и направил проблеми, но бидејќи после тоа не престанала да настапува, се чини дека повредите ги држи под контрола.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!