Вие имате прво да ја знаете вистината

Кристијано Роналдо не прекинува да пишува историја: Постави нов рекорд и успешно ја предводеше својата екипа до победа (видео)

Играчите на Манчестер Јунајтед славеа во дербито од 14. колото во англиската Премиер лига, против екипата на Арсенал со конечен резултат од 3:2, а Кристијано Роналдож беше брилијантен , постигнувајќи два гола за црвените ѓаволи, со што стана првиот играч кој успеа да стигне до бројката 800. и 801. гола во натпреварувачките натпревари.

Арсенал подобро го отвори натпреварот на Олд Трафорд, а „Топџиите“ поведоа во 13. минута со прилично контроверзен гол. Имено, Емил Смит Роу стрелаше додека Дејвид Де Хеа лежеше на тревата, откако го згазна неговиот соиграч Фред.

Судијата, Мартин Аткинсон покажа на белата точка од 11 метри, по консултација со ВАР собата. Јунајтед стигна до израмнување во 44. минута, а асистенција на Фред ја искористи Бруно Фернаднес. Црвените ѓаволи до пресврт стигнаа во 52. минута, кога по одличната асистенција на Маркус Рашфорд, Роналдо го постигна историскиот, 800. гол во кариерата.

https://youtu.be/S3yJMuG3lio

Сепак, славјето на Роналдо и атмосферата не траеше многу. Три минути подоцна Мартин Одегар израмни на 2:2, а конечните 3:2 ги постави Роналдо, кој беше сигурен реализатор во 70. минута.

Ова беше прв пенал за Роналдо во црвениот дрес по враќањето на Олд Трафорд и негов шести вкупно гол во Премиер лигата оваа сезона.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!