Вие имате прво да ја знаете вистината

Најголема заплена на пари во Панама, дилери на дрога во вреќи чувале 10 милиони долари

Панамските власти објавија дека заплениле рекордни 10 милиони долари во готовина, кои криминалната група поврзана со колумбискиот картел Клан дел Голфо ги стекнала преку шверц со дрога.

„Таа голема сума пари и припаѓа на расформирана криминална организација која соработува со криминална група позната како Клан дел Голфо“, соопшти вчера обвинителството на Панама.

„Без сомнение, ова е најголемата заплена на пари добиени од трговија со дрога во историјата на земјата“, изјави главниот обвинител Хавиер Карабало за новинарите.

Парите биле пронајдени во вреќи во три скривалишта во куќа во градот Нуева Провиденсија, во северната провинција Колон, за време на полициска акција која довела до апсење на 57 лица.

Во операцијата, во која учествуваше и Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), запленети се десет парчиња оружје и 38 луксузни возила.

На властите им биле потребни повеќе од 12 часа да ги соберат парите и да ги пребројат со помош на машини за броење, од кои некои се расипале поради обемот на задачата.

Меѓу уапсените има и девет функционери, вклучително и пет полицајци осомничени дека примале, следеле и прикриле големи количества дрога со потекло од Колумбија, соопшти обвинителството.

Дрогата потоа била испратена во САД, првиот потрошувач на кокаин во светот, по наредба на нарко групата Клан дел Голфо. Кланот дел Голфо контролира речиси една третина од производството на кокаин во Колокаја.

Колумбиските власти го уапсија шефот на картелот Даир, Антонио Усугу, познат како Отониел, на 23 октомври.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!