Вие имате прво да ја знаете вистината

Се појави слика на мајката на Путин, личат како копија еден на друг, работела како куќна помошничка само да е блиску до него (фото)

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин е еден од најистакнатите светски политичари на денешницата.

Тој стана претседател на Русија во 2000-та година, по мандатот на Борис Елцин.

Путин е роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург) на 7 октомври 1952 година.

Неговиот татко се викал Владимир Спиридонович Путин и тој бил регрутиран во советската морнарица да служи во подморница во раните 1930-ти. Подоцна служел во НКВД во саботерската група за време на Втората светска војна, пишува Нпорал.

Мајката на Путин се викала Марија Ивановна Путина (моминското презиме и е Шеломова), а таа беше работничка во фабрика во Ленинград. Кога го родила Владимир станала куќна помошничка во зградата за да биде што поблиску до детето.

Марија и Владимир, пред Владимир помладиот, имаа два сина, но и двајцата починале како деца, па денешниот претседател станал галениче. Неговиот брат Алберт починал како бебе, а Виктор подлегнал на дифтерија за време на германската опсада на Ленинград.

Владимир Путин е роден кога неговите родители веќе биле во пододминати години. И двајцата имле 41 година (родени во 1911 година), а Владимир пораснал како единствено дете. Во младоста се занимавал со спорт, самба и џудо и бил солиден ученик. Секогаш имал поддршка од мајка му, која го крстила кога бил мал, без знаење на татко му кој не верувал во Бога.

Таткото на Путин почина во 1999 година, а неговата мајка една година претходно.

Судејќи по фотографиите кои можат да се најдат на интернет, актуелниот претседател на Русија многу личи на својата покојна мајка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!