Вие имате прво да ја знаете вистината

Се продава објект со голема историска вредност во Рим: Местото изобилува со слики од познатиот Караваџо!

Италијанската вила која некогаш му припаѓала на кардиналот и која има уникатен мурал (слика нацртана директно на ѕид) насликан од познатиот Караваџо наскоро ќе биде продадена.

Казиното дел Аурора, попознато како Вила Лудовиси, се наоѓа во Рим, а каталогот на аукциите го опишува како зграда во една од најелегантните области на главниот град.

Аукциската куќа проценува дека недвижниот имот од 2.800 метри квадратни ќе достигне цена од околу 471 милион евра.

Прекрасната сала е украсена со огромни мурали, а се издвојува муралот на Јупитер, Нептун и Плутон, насликан од Караваџо во 1597 година. Уметничкото дело е единствено по тоа што е единствената позната слика на Караваџо насликана на таванот.

Во тоа време, младиот уметник бил ангажиран од кардиналот Франческо Марија Дел Монте, кој бил сопственик на вилата кон крајот на 16 век. Се верува дека принцот Никола Бонкомпањи Лудовизи живеел во вилата со својата трета сопруга до неговата смрт во 2018 година.

По жестоката борба за тоа кој ќе ја наследи вилата што изби меѓу вдовицата на принцот и неговите деца од претходниот брак, судијата нареди имотот да се продаде на аукција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!