Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Велика Британија потврдени уште десет ново заразени со Омикрон, бројката на заразени се очекува драстично да се зголеми

Велика Британија минатиот ден потврди уште 10 инфекции со загрижувачката варијанта на Ковид-19 вирусот, Омикрон, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 42.

Британската агенција за здравствена безбедност објави дека уште седум случаи на варијантата Омикрон се откриени во Англија, додека уште три заразени лица се идентификувани во Шкотска.

Британскиот премиер, Борис Џонсон пред два дена изјави дека Владата сака на сите возрасни лица да им понуди бустер односно трата доза на вакцина против Ковид-19 до крајот на јануари следната година, поради страв од ширење на Омикрон.

Нашата цел е да понудиме бустер дози на сите што ги исполнуваат условите до крајот на јануари, изјави Џонсон.

Тој додаде дека е малку веројатно повторно да се воведат нови епидемиолошки мерки за затворање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!