Вие имате прво да ја знаете вистината

Зарипнатиот Џо Бајден ја загрижи нацијата: „Настинката ја префатив од внук ми кој сака да ми дава бакнежи“

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот рече дека неговиот зарипнат глас е „последица на настинка“ што го добил во контакт со неговиот внук, додавајќи дека секој ден се тестирал на Ковид-19.

Бајден во петокот со рапав глас и со неколку напади на кашлање одржа говор за економијата, што го поттикна новинарот да го праша за неговото здравје.

„Добро сум. Секој ден се тестирам за ковид. Ова го добив од мојот внук кои има една и пол година и кој сака да му дава бакнежи на дедото. Настинка е само“, додаде тој.

Американскиот претседател минатиот викенд го помина со семејството кога во САД се славеше Денот на благодарноста.

Здравјето на Џо Бајден, со оглед на тоа што тој е најстариот претседател некогаш избран во Соединетите Држави (79), привлекува посебно внимание.

Пред две недели тој беше подложен на систематски преглед, чии резултати ги објави Белата куќа, а неговиот лекар заклучи дека е сепак во „добро здравје“.

Соединетите Американски Држави стравуваат од зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 со доаѓањето на зимата и ширењето на новата варијанта на омикрон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!