Вие имате прво да ја знаете вистината

Беше најубавата жена во Југославија, живееше како божица, а потоа исчезна: Денеска изгледа вака!

Сузана Жуниќ во далечната 1988 година ја освои титулата Мис на Југославија. Потоа се прослави, а од тој момент беше една од најпосакуваните дами во поранешната држава.

Нејзината фатална љубов беше еден прославен фудбалер.

Еден од нив беше и хрватскиот фудбалер Игор Штимац. Тој успеа. Тие се запознале на разни приеми, па не поминало долго од запознавањето до моментот кога влегле во емотивна врска за која многу се пишувало.

Набргу потоа стапија во брак кој на сите им изгледаше многу среќен и идиличен, а ни најмалку не бил таков. Имаа се – успех, убавина, популарност, почит во општеството, но сепак, Сузана беше многу несреќна, бидејќи нејзиниот сопруг не беше верен. Ја изневеруваше со актерки, мисици, пејачки. Неговите прељуби беа јавна тајна, а таа беше предмет на потсмев.

Сето ова го достигна врвот кога тој влезе во афера со пејачката Алка Вуица, која пред сите му истури пијачка в лице, бидејќи не раскинал со сопругата.

По оваа случка, Сузана дефинитивно решила да стави точка на бракот.

  • Многу ја ценам Сузана и жал ми е што поради мене беше повредена. Судбината ни ги обедини животите на многу грд начин, но само затоа што и двајцата многу го сакавме истиот човек и му верувавме – изјавила Алка во едно интервју.

Поради пропаднатиот брак, Сузана паднала во депресија од која и требало долго време да се извлече. Кога закрепна од овој несреќен брак, во 2015 година се омажи за тренерот на кошаркарскиот клуб Шибеник, Дамир Милачиќ, по шест години врска. Сузана од бракот со Штимац ги има синот Лука и ќерките Мија и Деа.

Сузана последниве неколку години активно се занимава со сликање, а многумина забележуваат дека и понатаму изгледа негувано и убаво.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!