Вие имате прво да ја знаете вистината

Британците повторно ќе праќаат војска во Босна и Херцеговина: Главниот заговорник е поранешен офицер на УНПРОФОР

Членовите на британскиот парламент ветија дека ќе организираат нова мировна конференција за Босна и Херцеговина – Дејтон 2, јавуваат медиумите во БиХ.

Според нив, британски војници истовремено ќе бидат испратени во БиХ, „за да се спречи ескалацијата“.

„Можеме веднаш, еднострано, да испратиме баталјон војници. Може да се стави под капата на ЕУФОР“, рече Боб Стјуарт, портпарол на конзервативците.

Сер Бернард Џенкин, друг пратеник од владејачките конзервативци, побара официјален Лондон веднаш да дејствува во БиХ и го поддржа предлогот на Стјуарт да се организира Дејтон 2.

Истиот став го искажа и претставникот на опозициската Лабуристичка партија, Тони Лојд.

Стјуарт имаше долг, страстен говор за БиХ.

Тој посочи дека во земјата бил како офицер на УНПРОФОР и ја увидел немоќта, но и јасната неподготвеност на Западот да реагира.

Тој, како и Алиша Кернс, потсетија дека Велика Британија загубила 57 свои војници за време на мисијата во БиХ. Сепак, тој истакна дека британската интервенција во БиХ е повеќе од неопходна, пренесува СБ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!