Вие имате прво да ја знаете вистината

Данската премиерка се извини откако беше снимена без маска во продавница: „Жал ми е…“

Данската премиерка се извини откако во саботата беше снимена без маска во продавница, спротивно на новите правила насочени кон спречување на ширењето на Ковид-19, токму пред тешката недела кога треба да се појави пред парламентарната истражна комисија.

Видеото, објавено од данскиот дневен весник Extra Bladet, е снимено во петокот од случаен минувач низ продавница за облека во центарот на Копенхаген, четири дена откако беше донесена обврската да се носат маски на јавни места и во јавниот превоз.

„Направив превид откако новите правила стапија на сила. Тоа го сфатив кога ме сними граѓанин“, брзо реагираше Мете Фредериксен на социјалните мрежи.

„Знам дека ова може да му се случи на секого. Жал ми е и сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за сè што заедно правиме за да ја спречиме епидемијата“, продолжи шефот на социјалдемократската влада.

Инцидентот се случи во незгодно време за премиерката, која во четврток ќе биде сослушана од парламентарна комисија, која ја разгледува нејзината одлука за колење на повеќе од 15 милиони питомо одгледани визони за да се избегне опасноста од мутација на вирусот одговорен за ковид-19.

Таа одлука е итно донесена во ноември 2020 година, а подоцна е утврдено дека нема правна основа, па министерот за земјоделство поднесе оставка, а Фредериксен им се извини на сточарите.

Комисијата сега истражува дали премиерката тогаш знаела дека одлуката не е законски оправдана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!