Вие имате прво да ја знаете вистината

Дечкото на Меган Фокс сакал да ја импресионира: Фрлил нож во воздух, но се прободел во раката

Раперот Machine Gun Kelly во интервју за Џими Фалон изјави дека во првите денови од врската се обидел да ја импресионира девојката Меган Фокс, фрлајќи нож во воздух.

Ова се покажало како лоша идеја бидејќи ножот му се закачил во раката.

„Ножот со гравурата од новиот албум ми го подари раперот Тревис Баркер. Сакав да ја импресионирам Меган, па го фрлив во воздух и сечилото ми се тресна во раката. Ја погледнав девојката и се преправав дека е кул, но штом таа замина, знаев дека итно ми требаат конци“, рече тој.

Кели исто така зборуваше за повреда на грбот додека играше пинг-понг со Пост Мелоун и за времето кога паднал од бината во обид да го подигне Пит Дејвидсон.

Да потсетиме, Меган Фокс 10 години беше во брак со Брајан Остин Грин и имаат три сина. По средбата со Кели, Меган се разведе и тврди дека раперот отсекогаш и бил сродна душа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!