Вие имате прво да ја знаете вистината

Детали за божиќниот карантин во Германија: Додека другите ќе слават, невакцинираните Германци ќе ја дочекаат Новата година во темнина и тишина

Ќе имаме божиќнен карантин за невакцинираните, изјави германската канцеларка во заминување Ангела Меркел во четвртокот по состанокот со нејзиниот наследник Олаф Шолц и 16 шефови на држави. Парламентот ќе расправа за воведувањето задолжителна вакцинација од 1 февруари следната година, за која Австрија веќе донесе одлука.

Донесени се три нови клучни мерки: ограничување на контактот со невакцинирани лица, влез во продавници, ресторани, музеи и кина ќе биде ограничен само за вакцинирани или лица кои го прележале вирусот, а можни се и дополнителни мерки за невакцинираните лица.

Така, Германија воведе строги ограничувања на социјалните контакти низ целата земја за невакцинираните лица, бидејќи, како што изјави Меркел, ситуацијата е многу сериозна.

Таа јасно стави до знаење дека на невакцинираните лица ќе им биде забранет пристапот до многу јавни места, вклучително и продавници кои не се неопходни за живот, освен ако неодамна не закрепнале од Ковид-19.

Културата и слободното време низ целата земја ќе бидат отворени само за оние кои биле вакцинирани или закрепнале од болест.

Таа нагласи дека, покрај усвоените мерки, сојузните покраини, согласно епидемиолошката состојба, можат да воведат уште построги ограничувања.

Одлуките содржат драстични ограничувања за воспоставување на социјален живот и пристап до продавници и културни и спортски натпревари.

Федералната влада на својата веб страница со 20 точки објави дополнителни мерки за борба против пандемијата на Ковид-19 вирусот во согласност со најновите одлуки и ограничувања.

Невакцинираните нема да можат да пристапат до не-важни продавници, ресторани, културни или рекреативни места.

Пристап до продавниците за малопродажба, со исклучок на мини-продамниците, ќе имаат само оние кои биле вакцинирани или оние кои имале Ковид-19 вирус и закрепнале од истиот, а истото важи и за културните и спортските настани.

Строгите мерки за ограничување на контактите за невакцинираните важат и во приватниот живот – доколку луѓето што ги среќавате се невакцинирани со возраст од над 14 години, тогаш на едно домаќинство му е дозволено да се дружи со најмногу двајца членови на друго домаќинство. Ограничувањето не важи кога сите се вакцинирани или закрепнати од вирусот.

Во овој случај, брачните другари, животни сопатници или партнери во вонбрачна заедница се сметаат за едно домаќинство, дури и ако немаат заедничко живеалиште.

Исклучоци се предвидени за лицата кои не можат да се вакцинираат и за лицата за кои нема општа препорака за вакцинација. Дополнително, можни се исклучоци за деца и адолесценти до 18 години.

Бројот на посетители на масовните настани треба да биде ограничен на 30 до 50 отсто од капацитетот на затворен простор со најмногу 5.000 посетители, но не треба да надминува бројката од 15.000 на отворено со само 30 до 50 отсто од капацитетот на просторот.

Маските се задолжителни за овие настани, а пристап имаат само вакцинирани или лица кои ја преживеале болеста.

За дочекот на Новата година ќе важи забрана за собири низ државата, а во пресрет на празниците ќе биде забранета и продажбата на пиротехнички средства.

Во нацрт-одлуките на федералните и покраинските власти е наведена и целта за конзумирање на уште 30 милиони вакцини, во кои спаѓаат првата, втората и т.н. бустер доза за вакцинација до Божиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!