Вие имате прво да ја знаете вистината

Драматични пораки од Кремљ: „Се подготвува кошмарно сценарио, многу е веројатен конфликт“

Кремљ во четвртокот соопшти дека прокламираната цел на Украина – враќање на Крим под своја контрола – претставува „директна закана“ за Русија.

Ризикот од вооружен конфликт во југоисточна Украина е екстремно висок, а Русија е сè позагрижена, изјави во четвртокот Москва, додека остатокот од светот со нетрпение го очекува исходот од настаните во регионот на Донбас.

Говорејќи пред новинарите во четвртокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека има „високи тензии во источна Украина“.

– Ние сме крајно загрижени – додаде Песков, како што пренесува РТ.

„Ова го гледаме како директна закана за Русија“, изјави Песков за новинарите.

Песков: Голема веројатност за украинска воена акција

Изјавите на Песков доаѓаат еден ден откако портпаролката на руското Министерство за надворешни работи изјави дека Киев „значително го зголемува распоредувањето на воените сили во регионот“.

  • Според некои извештаи има 125.000 војници. Ако некој не знае, тоа се половина од вкупниот број на нивните активни војници – изјави во средата Марија Захарова.

– Веројатноста за украинска воена акција во сепаратистичкиот источен дел на земјата се уште е голема – рече Песков, додавајќи дека провокациите се зачестени на линијата за демаркација и дека Русија е „многу загрижена“.

Тензиите на руско-украинската граница се зголемуваат во последните недели. Викторија Нуланд, заменик државен секретар на САД за политички прашања, ја предупреди Русија да не презема никакви потези кои би можеле да ја дестабилизираат Украина, а особено да не планира никаква воена акција.

„Доколку Русија одлучи да интервенира воено, предупредуваме дека ќе се соочи со економски санкции без преседан“, рече Нуланд.

Лавров: Кошмарното сценарио се врати

Песков, од друга страна, продолжува да инсистира дека ова е „западна хистерија“ и вели дека распоредувањето на руски воени сили на сопствена територија не треба никого да го интересира.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека Европа можеби се враќа во ситуација на воена конфронтација, а НАТО, вели тој, целосно одбива да ги сослуша сите руски предлози за деескалација на тензиите.

Говорејќи во Стокхолм, каде што се одржува состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров истакна дека Москва сака да ја подобри „стратешката стабилност“ на континентот, кој според него „брзо еродира“.

„НАТО одбива да ги разгледа нашите предлози за деескалација на тензиите и спречување на опасни инциденти“, рече Лавров, обвинувајќи ја Алијансата предводена од САД дека одбива конструктивна дебата.

– Напротив, воената инфраструктура на Алијансата се приближува до границите на Русија… Кошмарното сценарио на воениот конфликт се враќа – рече Лавров.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!