Вие имате прво да ја знаете вистината

Експлозија како од атомска бомба пред речиси 2.000 години

Италијански археолог ја спореди ерупцијата на Везув во 79-та година со фрлањето атомска бомба во Втората светска војна.

Археологот Доменико Камардо вели дека уништувањето на Помпеја и блискиот Херкуланеум од ерупцијата на Везув во 79-та година може да се спореди со судбината на Хирошима, на која беше фрлена атомска бомба во Втората светска војна.

Топлината на пирокластичниот бран кој избувнал од вулканот бил помеѓу 400 и 500 степени Целзиусови, поради што крвта во телата на жителите буквално зовривала.

„Посмртните останки на жртвите што ги најдовме се во слична состојба како и жителите на Хирошима. Навистина добивате чувство на ужас и трагедија“, рече Камардо, археолог од проектот за заштита на Херкуланеум.

Камардо направи споредба додека го опишуваше делумно осакатеното тело на жртвата која беше пронајдена на плажата на античкиот град во октомври.

Археолозите веруваат дека маж на возраст од 40 до 45 години, починал на неколку чекори од водата обидувајќи се да избега од ерупцијата.

Во раката држел мала торбичка со дрвена кутија, во која имало прстен од железо или бронза.

„Можно е да бегал со своите скапоцености. Најдовме други предмети како што се остатоци од ткаенина, кои мора внимателно да ги отстраниме пред да ги проучуваме“, објасни Лаино, конзерватор кој ќе ги анализира остатоците кога ќе бидат преместени во лабораторија. .

Коските имаат црвеникава боја од крвта на жртвата, објасни Франческо Сирано, директор на Археолошкиот парк Херкуланеум.

Остатоците од човекот беа пронајдени како дел од првото археолошко ископување по 30 години во Херкуланеум, помалку познато место во близина на Помпеја.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!