Вие имате прво да ја знаете вистината

Ембид тврди дека не му е лесно откако прележа корона: Ми настанаа проблеми со нозете и кондицијата, ќе ми треба време

Филаделфија солидно ја започна новата сезона во НБА. Од првите десет натпревари, Сиксерси имаа резултат 8-2, но сè се смена во моментот кога Џоел Ембид се зарази со коронавирусот.

Мораше да отсуствува и по враќањето по прележаниот ковид-19.

„Никогаш не би го искористил ова како изговор, но очигледно ќе ми треба време да се вратам, особено проблемите со нозете и кондицијата. Но, јас работам напорно и напредувам“, изјави Ембид по поразот од Бостон во средата.

На тој натпревар шутираше 3/17 од игра. Пред тоа стрелаше 4/16 против Орландо. Ембид можеби го истроши поразот од Минесота во саботата кога даде 43 поени. Тоа беше првиот меч што го одигра по короната.

„Не можам да играм како на овие последни два натпревари. Особено кога станува збор за шутовите. Ако ме удвојат, тогаш нема да имам лесни кошеви и морам да направам позиција за моите соиграчи и морам да погодувам“.

Тренерот Док Риверс вели дека не знае што да мисли за формата на Ембид по враќањето на паркетот.

„Сите што имаат ковид… не знам што да одговорам. Некои момци брзо се враќаат, многумина имаат одличен натпревар кога се враќаат и потоа влегуваат во магла. Џоел дефинитивно се мачи. Мораме да го присилиме и да го оставиме да се разигра“, изјави Риверс.

Инаку, играчите и претходно кажаа дека враќањето по прележувањето на ковид е доста проблематично. Така, Џејсон Тејтум имаше многу проблеми да се врати во форма, а слично е и сега со Ембид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!