Вие имате прво да ја знаете вистината

Филипче: За прв пат институтот за радиологија во Скопје добива два апарати за магнетна резонанца

Во јавното здравство на нашата држава за првпат се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla, пишува министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук-профил.

На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот. Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас, објави Филипче.

Со новите апарати, тој додава дека капацитетот на Институтот ќе се зголеми за 50 проценти, а пациентите повеќе нема да чекаат

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!