Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција спремна и за нови и построги мерки за борбата против Ковид-19

Новите мерки против коронавирусот ќе стапат на сила во Франција во текот на викендот, пред состанокот во понеделник, на кој ќе се разговара за построг национален одговор на зголемениот број на заразени во земјата.

Од оваа сабота при влез во скијачките центри ќе се бара потврда за вакцинација, КОВИД или приложување негативен тест и „здравствена карта“.

Сите што се возат на ски-лифтовите или чекаат во редици пред скијачките центри, според новите мерки мора да носат маски.

Вакви мерки се воведуваат во области со седумдневна инциденца од над 200 нови инфекции на 100.000 жители.

Во моментов, седумдневната стапка на инциденца на француско ниво е над 300 нови инфекции.

Во областа Мозел, која граничи со Германија, носењето маски стана задолжително дури и на отворено од саботата. Правилото важи за општините со над 5.000 жители во периодот од 6 часот наутро до полноќ.

По одлуката на властите на префектурата Мозел, чиј главен град е Мец, мора да се носат маски на пазарите и на божиќните саеми и насекаде додека се чека ред.

Поголема толпа која беше присутна на популарниот божиќен пазар во блискиот Стразбур предизвика дебата на градските власти за тоа дали сегашните правила таму се доволно силни со оглед на тоа што вирусот многу брзо се шири во Алзас и болниците веќе имаат планови за вонредни состојби.

Затоа, од петокот и на божиќниот саем во Стразбур важат построги правила, а владата ќе разговара за понатамошните мерки на состанокот во Париз во понеделник.

Се очекуваат рестриктивни мерки кои ќе важат за поголеми собири, како што се фудбалски натпревари, а можно е и ограничување на капацитетот на седиштата во кината и рестораните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!