Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем раскол во ЕУ: Се формираат два блока на држави

Некои земји од Европската унија, вклучително и Франција и Шпанија, повикаа на посилна реформа на регулативите за енергетскиот пазар на блокот за справување со високите цени, што наиде на противење од друга група земји, вклучително и Германија, пред денешниот министерски состанок на ЕУ.

Германија, Данска, Холандија и шест други земји во средата дадоа заедничка изјава во која се спротивставуваат на реформите на енергетскиот пазар на ЕУ, пред состанокот на министрите за енергетика на кој ќе се разговара за нивниот одговор на високите цени на гасот и електричната енергија, објави Ројтерс.

Ограничувањето на цените или префрлањето на друг систем за одредување на националните цени на електричната енергија може да ја обесхрабри трговијата со електрична енергија меѓу земјите и да ги поткопа напорите за воведување поевтина обновлива енергија, велат земјите.

Друга група земји – Шпанија, Франција, Италија, Грција и Романија – одговорија со соопштение во кое повикаа на примена на правилата на ЕУ за заштита на потрошувачите од силни флуктуации на цените. Тие, исто така, се залагаат за заедничко купување на гас од земјите на ЕУ, со цел да се формираат стратешки резерви и за анализа која ќе ги дефинира реформите за пазарот на електрична енергија.

Цените на енергијата во Европа се искачија на рекордно ниво оваа есен поради оскудното снабдување со гас во услови на висока побарувачка во економиите кои закрепнуваат од пандемијата на Ковид 19. Иако цените на бензинот паднаа од рекордите во октомври, тие сè уште се релативно високи.

Земјите-членки на ЕУ сè уште немаат заеднички одговор за поскапувањето на енергенсите, и покрај фактот што нивните лидери и министри одржаа неколку итни состаноци во последните месеци по ова прашање. Еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон изјави дека Европската комисија ќе предложи рамка која ќе овозможи заедничка набавка на стратешките резерви на гас, но не даде детали за истото.

Рамката ќе биде дел од претстојниот предлог на Комисијата за подобрување на законодавството на ЕУ за пазарот на гас, кој треба да биде објавен на 14 декември. Многу земји од ЕУ веќе прибегнаа кон привремени национални мерки за заштита на потрошувачите од превисоки сметки, вклучително и намалување на даноците за електрична енергија и субвенции за домаќинствата.

На средбата министрите ќе го оценат и напредокот во преговорите за поставување посигурни цели на ЕУ за подобрување на енергетската ефикасност и проширување на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!