Вие имате прво да ја знаете вистината

Грда навика: Користењето на електронски цигари над 2 пати ја зголемува можноста за еректилна дисфункција

Сите веќе знаеме дека пушењето воопшто не е добро за здравјето, а електронските цигари (за кои може да се расправа дали се барем малку помалку штетни од „обичните“ цигари), секако не се без здравствени последици.

Освен тоа, истражувањата покажаа дека мажите кои користат електронски цигари имаат двојно поголем ризик од еректилна дисфункција.

Научниците испитувале повеќе од 13.000 мажи на возраст над 20 години и откриле дека оние кои секојдневно ги користат овие цигари имаат 2.2 пати поголеми шанси да имаат проблеми со потенцијата, во споредба со мажите кои никогаш не користеле електронски цигари.

Во контекст на ова, во помал примерок од мажи без историја на кардиоваскуларни болести, пушачите на електронски цигари имале 2,4 пати поголем ризик од еректилна дисфункција.

Оваа студија беше објавена во американскиот весник за превентивна медицина, но важно е да се напомене дека студијата не воспостави причинско-последична врска помеѓу употребата на електронски цигари и еректилната дисфункција.

Сепак, научен тим од Универзитетот во Њујорк и Универзитетот Џон Хопкинс се надева дека ова истражување ќе послужи како потсетник дека пушењето електронски цигари секако не е целосно безбедно за здравјето, во смисла дека не носи никакви ризици.

Пушењето долго време е поврзано со сексуална дисфункција, поради ефектите на променливите нивоа на никотин врз крвните садови, а се смета дека е-цигарите го имаат истиот ефект.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!