Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор филм во Египет! Силна бура рушеше се пред себе, ова беше “Неват Касем” од библиски размери (видео)

Градот Александрија, на северот на Египет, секоја година во ова време од годината е изложен на бран лоши временски услови, познат како „Нават Касем“, кој предизвика паника помеѓу населението. Бурите и поплавите носеа автомобили и се што им се наоѓа на патот. Според египетската метеорологија, морските бранови се искачиле до 5 метри, додека брзината на ветерот достигнала 65 километри на час, проследено со пад на температурата до 7 степени.

Покраината Александрија ги презеде сите неопходни мерки и подготовки за борба против поплавите и постави мобилни возила за собирање на вода и дигалки за извлекување на заглавените автомобили, како и амбулантни возила опремени за транспорт на повредените. Во таа насока, египетските власти прогласија вонредна состојба и одлучија да ги откажат одморите на медицинскиот персонал за да им се помогне на повредените.

Властите апелираа до граѓаните да бидат внимателни и да се држат подалеку од дрва, рекламни билборди, столбови за светло и да помогнат возилата за совирање на дождот полесно да се движат, да избегнуваат возење со големи брзини во автомобилите и да одржуваат безбедно растојание.

Египќаните на социјалните мрежи споделија сцени од брановите што ја зафатија Александрија, нагласувајќи дека не веруваат дека тоа се случува во Египет, додека жителите на градот го опишаа тоа што се случило како хорор филм. Ова се случува неколку дена откако бранот на лошо време ги зафати египетските провинции, што доведе до прекин на образованието и прекин на сообраќајот на некои главни патишта и автопати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!