Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор во Берлин: Пронајдени 5 тела, меѓу кои 3 деца, не се знае кои и зошто го убил целото семејство

Телата на пет лица со прострелни рани и рани од нож се пронајдени во куќа во близина на Берлин, соопшти полицијата.

Оваа вест за германски Билд ја потврди и портпарол на полицијата.

  • Нешто пред пладне во една куќа најдовме пет безживотни тела. Пред тоа ни се јави граѓанин кој беше загрижен, бидејќи извесно време не ги видел соседите. Одделот за убиство веднаш бил испратен на терен, бидејќи се уште не е исклучена опцијата за кривично дело, изјави портпаролот на полицијата, пренесе Јутарњи.

Одделот за убиства и вештачењето се на местото на злосторството. Се истражуваат тешки кривични дела. Од петмината загинати двајца се возрасни и три деца. На труповите имало прострелни рани и убодни рани, соопшти државниот обвинител.

Според заедничкото соопштение на јавниот обвинител и полицијата, двајца возрасни се на возраст од 40 години, а трите деца на четири, осум и десет години. Нејасно е дали насилникот е меѓу жртвите и кој би бил мотивот за убиството и дали во куќата имало други луѓе. Се шпекулираше дека семејството е ставено во карантин поради коронавирусот, но тоа не е потврдено.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!