Вие имате прво да ја знаете вистината

Хорор во дом за стари лица: Вработени мачеле и силувале стари и немоќни – се појавија морничави фотографии

Од минатава пролет, австриските власти ги истражуваат наводите дека четворица вработени ги мачеле и сексуално злоупотребувале штитениците во домот за стари и изнемоштени лица во градот Зиценберг-Редлинг.

Досега четворица осомничени – три жени и еден маж на возраст од 30 до 45 години се бранеа со молчење, а нивниот адвокат побара да се прекине постапката. Сепак, дневниот весник Куриер сега објави вознемирувачки фотографии кои дополнително ги компромитираат осомничените.

Според Index.hr, фотографиите кои се појавија на групата за разговор на VatsAp му се предадени на јавниот обвинител, а компанијата SeneCura, која е сопственик на домот, ветува „максимална транспарентност“.

Првите обвинувања за несоодветно и навредливо постапување со жителите на домот беа обелоденети на крајот на март 2021 година, објави ОРФ.

SeneCura брзо реагираше и веднаш поднесе пријава во полиција и започна внатрешна истрага, чии резултати беа испратени до јавниот обвинител. Четири негувателки потоа веднаш биле отпуштени.

Државното обвинителство веќе неколку месеци ги истражува наодите за тортура или запоставување и сексуална злоупотреба на беспомошни лица. Колку жители на домот биле повредени, засега не е познато, според Индекс.

Австриските медиуми јавуваат дека негувателките ја крателе храната на штитениците во домот, им давале апчиња за да ги заспијат за да не се грижат за нив, ги навредувале и им викале. Детали за сомнителна сексуална злоупотреба се уште не се објавени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!