Вие имате прво да ја знаете вистината

Истражување: Сонцето би можело да биде причина за необјаснивото појавување на водата на Земјата

Иако Земјата е најсината планета во нашиот Сончев систем, сè уште не знаеме со сигурност од каде потекнува целата таа вода.

Научниците дури сега, откако ја анализираа прашината на блискиот астероид, утврдија дека причината за ова може да биде нашето жешко сонце. Можно е дел од водата на нашата планета да настанала поради реките од наелектризирани честички кои дошле кај нас од горната атмосфера на Сонцето пред неколку милијарди години.

Имено, при интеракција на сончевиот ветер со ситни честички прашина кои се наоѓаат на одредени астероиди, се создава мала количина на вода, што би можело да објасни барем дел од синилото на нашата планета.

„Вонземски извор“

Повеќето научни модели покажуваат дека голем дел од водата на Земјата доаѓа од извор надвор од Земјата, веројатно астероид од типот Ц. Научниците веруваат дека овие далечни астероиди се извор на класа метеори познати како јаглеродни хондрити или Ц хондрити кои редовно паѓаат на Земјата. Познато е дека овој тип на метеорити има значително количество минерали кои содржат вода.

Сепак, јаглеродните хондрити веројатно не се единствениот извор на вода на Земјата. Постојат и други видови на хондритични астероиди кои исто така можеби содржеле честички вода, иако во помала мера.

Научниците во лабораторија докажаа дека водородните јони реагираат со силикатни минерали и дека водата се формира како нуспроизвод. За дополнително да ја истражат нивната хипотеза, тие ја анализираа прашината од астероидот од типот Ц за да видат дали објектот содржи „резервоар“ на изотипови слични на оние на сончевиот ветер.

Имено, додека повеќето изотипови на вода на Земјата се совпаѓаат со јаглеродните хондрити, мал процент сепак не се согласуваат и Сонцето всушност би можело да биде нивниот вистински извор, пишува Science Alert.

Анализирана и прашина од астероид

Потпирајќи се на прецизна анализа на атом по атом, експертите го измериле изобилството на вода содржана во прашината на астероидот Итокава, кој на Земјата го донела Јапонската вселенска агенција (JAXA) во 2011 година.

-Нашето истражување покажа дека сончевиот ветер создал вода на површината на мали зрна прашина и дека тоа би можело да биде извор на дел од водата на Земјата, изјави научникот Фил Бланд од Универзитетот во Австралија.

Судејќи според тоа колку вода пронашле во честичките прашина, тимот проценува дека астероидите од типот S можат да задржат 20 литри вода на кубен метар.

Овие наоди сугерираат дека изолираните зрна прашина во вселената би можеле да бидат важен извор на вода во нашиот Сончев систем.

Студијата наречена „Придонес на соларниот ветер во океаните на Земјата“ беше објавена во списанието Nature Astronomy.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!