Вие имате прво да ја знаете вистината

Каде заглави булдужерот? Три кандидати за лидер на СДСМ, зошто некои кандидатури кои беа најавувани не беа поднесени?

Согласно Правилникот прифатени се три кандидатури за претседател на СДСМ од страна на Централната изборна комисија, изјави денеска на прес конференција Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ во македонскиот Парламент.

Како што објави МИА, таа потсети дека рокот за поднесување кандидатури за претседател истече вчера, а биле поднесени четири кандидатури.

Но некои кандидатури кои се очекуваа не беа поднесени до крајниот рок, а тоа е петок ( вчера) во 16 часот.

Булдужерот на партијата, како што самиот се нарече, Миле Зечевиќ не поднесе кандидатура, иако самиот ја најави во свеото интервју за ТВ 24.

Миле Зечевиќ рече дека се гледа на лидерското место на СДСМ на местото на Зоран Заев, но не и на местото премиер.

Тој смета дека поради стабилноста на земјата и мнозинството, Заев треба да остане претседател на владата.

Од кругови блиски на Зечевиќ може да се слушне дека неговото откажување е во функција да се обезбеди стабилност на партијата, бидејќи сега секоја кандидатура би можела да биде сфатена како конфликт со лидерот во оставка, Зоран Заев кој застана зад кандидатурата на Димитар Ковачевски.

Но искуството говори дека во 2003 година Зечевиќ исто така најави и водеше кампања за генерален секретар на СДСМ и тогаш се откажа од кандидатурата во корист на Никола Ќурчиев, а тој беше компензиран со функцијата секретар на Владата ( функција која сега на пример ја обавува екс потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири).

Во СДСМ сега се шпекулира дека не влегувањето во трката за лидер на СДСМ би можело да го стави Зечевиќ во кругот на фаворити за нов генерален секратар на партијата.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3761721724052398

Не беше поднесена ниту кандидатурата на Петре Шилегов. Тој сега се споменува како можен министер за транспорт и врски. По тешкиот пораз на локалните избори во Скопје, Шилегов, на кого најмногу му се префрлаше за ароганцијата, а тоа се посочуваше и како една од причината за неговиот пораз, влезе во процес на хуманизација ( како тоа се вика во политичкиот маркетинг) и во желба да се покаже и доближи до народот и гласачите почна да објавува на фејсбук фотографии од својата младост.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!