Вие имате прво да ја знаете вистината

Крвав напад во Њујорк: Убиен италијански студент, рането едно лице, нападнат случаен минувач, напаѓачот е член на банда

Маж со нож нападна и уби италијански студент од Универзитетот Колумбија во Њујорк, повреди друг Италијанец во одделен напад и нападна случаен минувач, соопштија денеска повеќе извори.

Њујоршката полиција потврди за АФП дека 30-годишниот италијанец, Дејвид Гири, подлегнал на повредите во болница откако доцна синоќа бил избоден со нож во населбата Харлем, северозападен Менхетен, во близина на кампусот на Универзитетот Колумбија.

Исто така, претседателот на универзитетот, Ли Болингер, ја потврди „трагичната смрт“ на Дејвид Гири, дипломиран студент на Факултетот за инженерство и применета наука на Универзитетот Колумбија.

Италијанското Министерство за надворешни работи потврди дека во нападите со нож е убиен еден Италијанец, а друг е ранет.

Според њујоршката полиција, уште еден 27-годишен маж бил избоден со нож во градите, во истата населба каде што се случил првиот напад. Тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба.

Осомничениот напаѓач, 25-годишен маж познат на полицијата, бил уапсен веднаш по вториот напад, северно од Централ Парк, кога со нож му се заканил на третиот минувач.

Дневниот весник „Дејли њуз“ пишува дека напаѓачот е член на банда од њујоршката населба Квинс, а веќе имал одлежано четири години во затвор и неколку пати бил апсен за голем број насилства.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!