Вие имате прво да ја знаете вистината

Медведев го направи идеалниот тенисер, доминираше Ѓоковиќ

Од рускиот тенисер, Данил Медведев беше побарано да го состави совршениот играч во светот на тенисот со комбинирање на најдобрите елементи од играта на неговите колеги.

Но имаше еден услов, тој може да смета само на тенисери кои играат во Дејвис купот.

За форхенд го избра својот соиграч во репрезентацијата Андреј Рубљев.

Неговиот форхенд е бомба, изјави Медведев, кој потоа го избра бекхендот на Ѓоковиќ.

Морам да го изберам Новак. Тој го има еден од најдобрите бекхендови во историјата на тенисот., изјави русинот.

Потоа тој избра врз основа на талентот.

Ќе изберам двајца тенисери. Мислам дека сите сме талентирани, но ќе ги изберам помладите. Алкарас и Синер. Имаа тежок меч во Париз на кој победи Карлос и се слични со години, продолжи тој.

Повторно на ред е Ѓоковиќ кога е менталитетот во прашање.

Начинот на кој се бори со тешки ситуации на теренот е неверојатен, и јас се обидувам да учам од него, вели тој.

Русинот го направи истиот избор кога беше во прашање атлетската подготвеност.

Имавме физички напорни натпревари, се чувствувам како да е уморен, а потоа во следниот момент тој трча, трча, трча… Па следниот ден истото. Така да, Новак повторно , се изјаснува тој.

Во категоријата враќање назад по поен, исто така повторно се Ѓоковиќ.

Можете да го ставите во многу категории, а неговото враќање е навистина посебно, вели тој.

Медведев го избра и Рејли Опел за најдобар сервисер, додека Рубљев, според него, е најдуховит.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!